FSPB0041-copy

Иако лаптопите од поновите генерации имаат батерии кои можат да истуркаат едно работно време, простор за напредок секогаш има, а со тоа се сложува и Microsoft, кој развива нов систем што ќе го подобри траењето, но и забрза полнењето на батеријата.

Новиот начин на работење на лаптопите кога се на батерија, предложен од Microsoft, е добар зошто може да работи со истите батерии како досега, односно нема потреба од вложување во поскапи технологии. Системот е базиран на посебен софтвер, кој ја комбинира енергијата од повеќе батерии, зависно од потребите.

На пример, доколку пишувате Word документ, системот автоматски ќе ја користи батеријата која е најдобра за мала потрошувачка на енергија, додека ако користите некои потешки програми, како на пример за едитирање видео, системот ќе се префрли на батерија која е погодна за вакви услови.

Исто така, со овој систем, компјутерот ќе знае во кое време од денот кои програми ги користи корисникот и според тоа ќе го оптимизира полнењето на батеријата. На овој начин, полнењето ќе биде многу побрзо, бидејќи доколку компјутерот знае дека во наредните неколку часови ќе го користите компјутерот на пат кон дома, ќе ја наполни само батеријата за сурфање и сл.

Главниот зад овој развоен проект, Ранвир Чандра, најави дека овој начин на користење на енергијата од батеријата може да се префрли и на таблетите (кои полека но сигурно се спојуваат со лаптопите), како и кај паметните телефони.

Секако, ова што го најавува Microsoft е се уште во развој и се чини дека ќе треба прилично моќни алгоритми кои ќе можат да одлучат за тоа како софтверот ќе ја оптимизира енергијата. Сепак, доколку е навистина можно овој нов систем драстично да го зголеми траењето на батеријата и намали времето на полнење, би можеле да почекаме уште некоја година.

Извор: Microsoft Blog

Претходна статијаПротечен Windows 10 Build 10558, со нови Messaging и Skype Video апликации
Следна статијаСедма конференција за иновации во Македонија