google-noto-1

Google во соработка со Monotype го претставија Noto, нов фонт дизајниран за повеќе од 800 јазици и 100 скрипти.

Развиван повеќе од 5 години, целта на Noto е да корисниците имаат унифицирано искуство, без разлика на кој уред работат и на кој јазик.

Она што најчесто се јавува како проблем, кај јазиците кои не се сметаат за баш стандардни во светот, е што при комуникација се случува да одредени фонтови се прикажуваат како коцки и слични форми.

Од тука доаѓа и името на новиот фонт кое е кратенка од No tofu. Tofu се нарекуваат формите кои излегуваат на местото на некој фонт или знак кој не може да биде препознаен од компјутерот поради недостаток на поддршка за тој фонт.

Noto е бесплатен, односно достапен за симнување од сите заинтересирани корисници преку следниот линк.

Се разбира, за да се постигне целта на развојот на овој фонт, потребно е негово масовно користење, а со оглед дека зад развојот стои и Google, тоа не изгледа невозможно.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаKodak ќе лансира Android паметен телефон на 20 октомври
Следна статијаOculus го претстави Touch VR контролерот за Rift, кој отсега ќе работи и на послаби компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.