Компјутерите со Вештачка Интелигенција стануваат се поспособни, а Google е еден од пионерите и најнапредните во оваа „застрашувачка“ технологија. Сега, тие направија компјутер кој може да препознае што гледа во некое видео со извонредно висока точност.

Нормално, како и секој компјутер со Вештачка Интелигенција и овој има користено машинско длабоко учење со цел да ја „научи“ околината. Cloud Video Intelligence API, како што е целосното име на овој компјутер, може да препознае предмети и живи суштества во некое видео со исклучително висока точност.

Ако ова не во звучи доволно импресивно, бидејќи нели веќе има многу компјутери кои можат да препознаат предмети, Cloud Video Intelligence API може и многу повеќе. На пример, тој може да препознае реклама кога ќе ја види, нешто во кое не успеваат ниту некои луѓе, односно во примерот погоре, може да препознае дека се работи за тигар во зоолошка градина. Ова е импресивно, бидејќи за тоа еден компјутер навистина треба да има интелигенција.

Сето ова делува и малку застрашувачко. Еволуцијата на Дарвин вели дека најважниот дел од организмот кој ги преселил водните животни на копно е окото, а не мускулите. Сега, кога на компјутерите им дадовме очи, дали може да се случи тие да почнат да еволуираат? Веројатно сме далеку од тоа, но нема да биде погрешно ако замислиме и таков свет во иднина.

Извор: Huffington Post, Tech Crunch, Google

Претходна статијаSamsung ќе ја испитува батеријата на Galaxy S8 во 8 чекори
Следна статијаЕмисиите на јаглеродни гасови во Британија на ниво како во 1894 година