Три различни компјутери со вештачка интелигенција. Два од нив комуницираат меѓу себе, додека третиот сака да им ја пресретне комуникацијата и да дознае што комуницираат. Првиот компјутер, кој ја праќа пораката на вториот, ја криптира за третиот да не може да ја прочита, дури и доколку ја пресретне. Отприлика вака изгледа првото енкриптирање на податоци од компјутер со вештачка интелигенција.

И сето ова е постигнато без на компјутерите да им се каже како да ги енкриптираат податоците. Едноставно, нив им биле дадени едноставни функции. Но, да почнеме од почеток, бидејќи ова е навистина забавно. Имињата на компјутерите се Eve, Alice и Bob. Во овој случај, Alice му праќа порака на Bob, додека Eve се обидува да ја пресретне. Alice ја енкриптира пораката со цел да и оневозможи на Eve да ја пресретне, но му дава клуч на Bob со цел тој да може да ја декриптира.

Како што кажав, сите компјутери користат едноставни функции, кои им овозможуваат да учат со текот на времето. На Eve е дадена функција да ја измери „далечината” измерена во точни и неточни битови. За Bob, доколку тој не погоди близу до оригиналниот текст, мерено во битови, функцијата е неуспешна. За Alice пак, ако погодувањата на Eve се подобри отколку случајни погодувања, енкрипцијата не функционира.

Вака, Google Brain тимот создал мрежа меѓу три компјутери со вештачка интелигенција, кои самите се прилагодувале на резултатите. Тие сепак се измешани – во некои случаи Bob не успевал да ја декриптира пораката, но во повеќето, Bob и Alice успеале да направат систем со кој ќе комуницираат со многу малку грешки и кој нема да може да го пресретне Eve. Во тестовите пак кога Eve почнува да ги погодува битовите, тие се обидувале да ја засилат енкрипцијата.

Од овие тестови, тимот на Google Brain дошол до заклучок дека вештачката интелигенција може самата да научи да ги заштити своите податоци и комуникации, дури и без да има вградени алгоритми за криптирање. И да, овие комуникации нема да може да ги пробиеме ниту ние луѓето.

Извор: ARS Technica, Engadget, Tech Crunch

Претходна статијаWestern Digital разви 3D NAND чипови со двоен капацитет, кои ќе ги намалат цените на SSD дисковите
Следна статијаSnapchat: Факти кои (можеби) не сте ги знаеле