windows-7-desktop

Продажбата на овој веќе постар оперативен систем заврши минатата година, а корисниците можеа да го добијат во оригинална верзија само доколку купеа нов компјутер кој што доаѓа со пред инсталиран Windows 7. Од денеска официјално и оваа можност завршува, па доколку сакате да купите нов компјутер кој што работи на Windows 7, тоа ќе можете да го направите до истекот на залихите на непродадени компјутери.

Од денеска официјално завршува продажбата на OEM верзијата од Windows 7 Home Basic, Home Premium и Ultimate верзиите. Сепак Windows 7 Professional верзијата ќе продолжи да се продава уште најмалку една година, време за кое што Microsoft се обврзува да го најави завршувањето на продажбите. Ова значи дека производителите ќе можат да продолжат да продаваат нови модели на бизнис корисниците, што се разбира тоа може да го искористат и приватните корисници, доколку се спремни да купат нешто поскап модел.

Windows 7 беше официјално достапен од 22 Октомври 2009 година и стана еден од најпопуларните оперативни системи од оваа компанија, посебно после неуспехот на Windows Vista. Стандардната поддршка за овој оперативен систем завршува на почетокот од идната година, односно на 13-ти Јануари, по што корисниците ќе добиваат само сигурносни надградби.

Денеска исто така завршува продажбата на Windows 8, меѓутоа таа останува достапна за производителите на компјутери.

Наредната верзија од Windows оперативниот систем, Windows 10, треба да ги привлече сите досегашни корисници на овој систем. Microsoft покажува дека навистина се труди да ги исправи грешките поради кои што Windows 8 стана новиот Windows Vista со слабата популарност кај корисниците.

Во продолжение можете да видите кога различните верзии од Windows оперативниот систем престануваат со продажба.

Оперативен систем и верзииДата на достапностПрекин на продажба Прекин на продажба на производители
Windows XP 31-ви Декември 200130-ти Јуни 200822-ри Октомври 2010
Windows Vista 30-ти Јануари 200722-ри Октомври 201022-ри Октомври 2011
Windows 7 Home Basic, Home Premium, Ultimate 22-ри Октомври 200931-ви Октомври 201331-ви Октомври 2014
Windows 7 Professional 22-ри Октомври 200931-ви Октомври 2013Не е уште одредено
Windows 8 26-ти Октомври 201231-ви Октомври 2014Не е уште одредено
Windows 8.1 18-ти Октомври 2013Не е уште одреденоНе е уште одредено

Извор: VB, Microsoft

Претходна статијаFacebook овозможи директно поврзување за корисниците на Tor
Следна статијаКрстоносната војна на ФБИ против дигиталната енкрипција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.