Windows 10 е прилично атрактивно и модерно дизајниран оперативен систем, но за многу корисници тоа не е доволно, односно сакаат малку поголема персонализација. Затоа, Microsoft отсега дозволи објавување на Windows 10 теми на Windows Store.

Темите сепак не се толку длабоки како порано во Windows 7 на пример. Тука, новата тема ќе ви ја смени позадината или пак ќе постави сет на позадини, ќе ја смени акцент бојата и звуците. Доколку сакате подлабоки промени во начинот на кој ќе изгледа вашиот Windows 10 оперативен систем, има многу програми низ интернет мрежата кои можат да го направат тоа.

Исто така, засега инсталацијата на темите не е воопшто лесна. Поточно, за разлика од другите апликации од Windows Store, темите нема да може само да ги инсталирате и тие веднаш да го сменат изгледот на вашиот оперативен систем.

После инсталацијата ќе мора да отидете во Program Files/Windows Apps и да отидете до фолдерот на темата која сакате да ја инсталирате. Во тој фолдер се наоѓа уште еден фолдер Theme, кој треба да го отворите и потоа да кликнете на .themepack датотеката. Потоа, темата веднаш ќе го промени изгледот на вашиот компјутер.

Има и уште една пречка – темите се засега достапни само за Insider корисниците на Slow и Fast Ring (доколку инсталирате тема на Insider, ќе направи промени и на секој друг ваш Windows 10 компјутер).

Според тоа, во наредните неколку месеци може да очекуваме темите да се инсталираат само со еден клик на маусот и потоа да може лесно да се променат и на крај да станат достапни за сите корисници на Windows 10.

Доколку сте на Insider и сакате да пробате некоја од новите теми, еве ги моментално достапните на Windows Store:

Извор: GHacks, Neowin, MS Power User

Претходна статијаЗошто е добро враќањето на AMD со новите Ryzen проесори
Следна статијаЛабараторија на Ford за екстремни временски услови