Screenshot 2014-10-28 17.41.47

Windows 10 оперативниот систем моментално е во фаза на развој и како што беше најавено паралелно со тестирањето, ќе бидат воведувани нови функции. На TechEd настанот оваа недела Joe Belfiore презентираше неколку новини кои што на корисниците на Technical Preview ќе им бидат достапни наскоро.

Новите функции, како што сака да каже Joe, се наменети за напредните корисници, односно корисниците кои што вршат доста работа на нивниот компјутер, користат голем број на апликации, па дури и повеќе монитори.

Една од новините е за корисниците на лаптоп компјутери и се однесува на гестови при користење на тракпадот. Корисниците на Windows почнаа да користат гестови на тракпадот по воведувањето на Windows 8, оперативен систем кој што вклучува неколку веќе карактеристични гестови за корисниците на екрани на допир, па тие беа овозможени и за корисниците на тракпад. Во Windows 10 корисниците ја добиваат можноста да направат одредени активности со користење на три прста.

Па така, доколку имате отворено повеќе прозори на десктопот, со повлекување надолу со три прста, тие ќе бидат тргнати, односно ќе биде прикажан десктопот. Повлекување со три прста нагоре во ваква ситуација, ќе ги врати назад намалените прозори. Исто така, со повлекување нагоре со три прста додека прозорите се прикажани, се прикажува новиот Task View поглед преку кој што ги гледате подредено сите отворени прозори, како и виртуелни десктоп околини.

Дополнително, со користење на три прста исто така и повлекување лево или десно, се добива можноста за промена на активните програми, односно нешто што на тастатурата се прави со познатото Alt + Tab.

Screenshot 2014-10-28 17.40.59

Уште една новина за како што Joe истакнува напредните корисници е можноста за користење на Snap функцијата кога користите повеќе од еден монитор. Корисниците ќе можат да го повлечат прозорот на активната апликација и да изберат на која страна да биде поставен, како и на кој од мониторите.

Следното видео е извадок од презентацијата на Joe Belfiore каде што ги прикажува новите функции во Windows 10.

Извор: WindowsCentral, The Verge

Претходна статијаСоздаден е примерок на електронска кожа која е флексибилна и проѕирна
Следна статијаGoogle Fit, едно место за сите ваши фитнес информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.