Последниве неколку месеци Windows 10 и воопшто сите поранешни Windows верзии кои се и натаму во користење, ги тресат хакерски напади, особено “ransomware“, кои бараат пари од корисникот за да ги отклучат неговите датотеки. Затоа, Microsoft особено големо внимание вложува во безбедносните надградби, кои редовно пристигнуваат на Windows 10, но и на поранешните верзии.

Сепак, голем број на корисници одбиваат да ги инсталираат овие надградби од најразлични причини, но тоа најчесто се случува во компаниите, кои обично го немаат подготвено софтверот за поновите верзии. Затоа, Microsoft ќе стане поагресивен со препорачувањето за надградба – отсега, заедно со нотификацијата дека имате нови надградби, ќе има и нотификација која ќе ве потсети дека со таа верзија која ја имате веќе нема да бидете безбедни, а ова особено важи за оние корисници кои воопшто го немаат надградено својот систем откако за прв пат го имаат инсталирано Windows 10.

Исто така, првата верзија (1507) на Windows 10 веќе престанува да добива нови безбедносни надградби, па за да продолжите да ги добивате, морате да го надградите системот на понова верзија на оперативниот систем, поточно на најновиот Creators Update. Поточно, Microsoft веќе не ја поддржува првата верзија на Windows 10 на никој начин, што е доволна причина уште веднаш да стиснете на копчето Update.

И навистина, доколку имате Windows, макар бил и 7 и 8.1, строго препорачуваме да ги инсталирате надградбите (и да ги имате инсталирано сите Service Packs), бидејќи „вирусите“ кои би можеле да ги фатите се навистина опасни и можат целосно да спречат да работите, да играте или воопшто да уживате во вашиот компјутер, лаптоп или таблет со Windows 10.

Извор: Engadget, Windows Blog, PC Gamer

Претходна статијаПотврдено: Први реални фотографии од iPhone 8?
Следна статијаHuawei започна летна кампања „Започни го летото” со подарок луксузни додатоци при купување P10 Plus, P10 и P10 lite