Windows 10 Creators Update надградбата донесе неколку важни подобрувања, но многу корисници нема да ја добијат. Причината? Нивниот компјутер (или таблет, односно лаптоп) има постари процесори и компоненти, кои поновите верзии на Windows 10 едноставно не ги поддржуваат, бидејќи и самата поддршка за тие процесори и чипови е веќе прекината од нивните производители.

Пример за ова се Intel Atom Clover Trail процесорите, кои веќе немаат поддршка од Intel, односно поминат е рокот за ветената поддршка од производителот, па воедно и Microsoft веќе не ги поддржува со нови надградби.

Тие сепак ќе добиваат закрпи до 2023 година, но веќе на нив нема да може да се инсталира надградба која донесува нови функционалности. Ова е многу логично – старите чипови и не ни можат да поддржуваат некои нови можности на Windows 10, а за нив нема да има ниту нови драјвери, бидејќи не се веќе поддржани од својот производител.

Сепак, од друга страна ова за многу корисници на моќни компјутери со Core чипови од првата, втората или третата генерација би можело да значи дека и тие нема веќе долго да добиваат нови надградби. Поточно, секој чип што нема да биде поддржан од хардверскиот партнер (односно производителот, во овој случај Intel), нема да може да добива нови надградби.

Засега нема информација за тоа дали ќе може да се заобиколи ова ограничување, односно дали и покрај тоа што имате стар компјутер ќе може да инсталирате нови надградби, но јас не би се надевал на тоа.

Извор: PCWorld, Engadget, The Verge

Претходна статијаAndroid смартфонот од високата класа на Nokia ќе биде претставен на 16 август
Следна статијаMoto Z2 Force – повторно модуларен, но сега со вградена двојна камера