WP_20151229_22_58_41_Pro

Microsoft си даде за цел Windows 10 да биде инсталиран на 1 милијарда уреди после 3 години од неговото официјално пуштање за корисниците. Последната официјална информација која што дојде од Microsoft е од октомври и според истата овој оперативен систем бил инсталиран на повеќе од 110 милиони уреди.

Од тогаш се поминати скоро 3 месеци, но се’ уште не се пуштени нови официјални бројки, па почнаа да излегуваат неофицијалните. Според извори на порталот WinBeta, Windows 10 досега е инсталиран на повеќе од 200 милиони уреди, со што се добива просечна бројка од 40 милиони нови уреди месечно досега.

Доколку информацијата е точна и продолжи ова темпо, Microsoft ќе нема проблем со остварување на зададената цел.

Сепак, оваа неофицијална информација нема ништо повеќе од вкупната бројка за која што не се знае што се има вклучено во неа. Дали се бројат мобилните телефони, Xbox One уредите кои што почнаа да работат на Windows 10 и слично, но без разлика, целта од 1 милијарда уреди се однесува на сите видови на уреди, а не само PC уредите.

Пред одредено време напишавме наше мислење за тоа како успехот на Microsoft Surface ќе влијае на развојот на Windows 10, а со тоа и на зголемување на бројот на корисници на мобилната верзија. Бројките кои што почнуваат да излегуваат дефинитивно покажуваат дека работите за оваа компанија одат кон подобро, а на крајот како и да е добиваат корисниците, па и тие на другите платформи.

Бројката сигурно може да се очекува дека ќе продолжи да расте, а во голема мерка и поради фактот што корисниците на Windows 7 и 8 имаат уште нешто повеќе од 6 месеци да направат надградба на Windows 10 бесплатно.

Microsoft ќе продолжи со според некои досадното известување на корисниците на постарите верзии дека можат да направат надградба, па сигурно голем дел од нив ќе ја прифатат понудата.

Извор: WinBeta, Windows Central, ghacks.net

Претходна статијаНовиот Samsung Bio-Processor ќе ги направи новите фитнес уреди многу поспособни
Следна статијаYahoo ќе ги известува своите корисници за можни напади од страна на властите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.