microsoftloveslinux-0-0

Оние кои исклучиво работат и програмираат во Linux, наскоро тоа ќе можат да го прават и во Windows 10, истакнуваат од комапнијата во обид да ја привлечат оваа категорија на корисници. Ова е прилично голема вест за дивелоперите, особено оние кои често користат компјутер со два оперативни системи – Linux за програмирање и Windows за се останато.

Поточно, на Windows 10 ќе може наскоро да се инсталира софтвер наменет за Linux и да се користи популарната командна линија. Според Рич Тарнер, програмски менаџер од Microsoft, ова е само чекор во вистинската насока која ќе заврши со целосно имплементирање на Linux во Windows 10.

Рич најави дека корисниците многу наскоро ќе можат целосно да ги тестираат своите кодови и алатки, да хостираат веб сајтови на Apache, да влезат во MySQL базата од Java кодот. Поточно, се што дивелоперите и оние кои работат на Linux досега го правеле во тој оперативен систем, ќе можат да го направат и во Windows 10.

Од Microsoft бараат корисниците да почнат да ги користат можностите на Bash WSL и да ги пријавуваат баговите, со цел тие побрзо да можат да го оптимизираат системот и да го направат стабилен за секојдневно користење. Новите можности прво ќе бидат достапни во Insider верзиите на Windows 10.

Microsoft инаку уште пред некое време, со доаѓањето на Сатја Надела на чело, најави дека ќе го имплементира Linux во своите сервиси. Овој голем чекор може да донесе многу корисници од отворената платформа на нивните сервиси, пред се клауд сервисите како Azure.

Од друга страна, Microsoft ги прави и своите апликации за Linux се подобри – отсега со Skype за Linux Alpha, корисниците ќе можат да испраќаат SMS пораки директно преку чет клиентот, нешто што досега не беше можно. Ова е најава и за многу други апликации од Windows на Linux платформата, што секако е одлична вест.

Извор: TechRepublic, Beta News, My Broadband

Претходна статијаGalaxy S8 ќе има Snapdragon 835, 6 GB рам и 256 GB простор?
Следна статијаСледниот iPad нема да има “Home” копче?