w10-continuum-phone-680x377

За оние кои не знаат, OS X оперативниот систем во Apple компјутерите и лаптопите, има одлична “Handoff” можност, која овозможува продолжување на работата која сте ја почнале на таблетот или смартфонот со iOS оперативен систем. Наскоро, слична ваква функција би можела да биде вградена и во Windows 10 оперативниот систем.

“Handoff” поточно овозможува да продолжите каде имате застанато со многу вградени апликации на вашиот преносен уред. На пример, можете да започнете да пишувате мејл и потоа да го продолжите на компјутерот, исто и документ, па дури и може преку компјутерот да примате повици и SMS пораки и да одговорите на нив.

os-x-yosemite-handoff

Исто така, може и да се префрли работата од компјутер на преносен уред – на пример да изберете локација на мапата на компјутерот, бидејќи е многу полесно и потоа навигацијата дотаму веќе да ја имате спремно во Maps апликацијата на вашиот смартфон или таблет.

Во Windows 10 ваквите можности би требало да бидат дел од Continuum, кој е исто така своевиден систем за поврзување на сите паметни уреди во еден унифициран оперативен систем. За нотификациите за примање повици и пораки пак ќе се погрижи дигиталниот асистент Cortana.

Засега, Windows 10 токму преку Cortana има можност да ги извести за пропуштени повици и пораки сопствениците на Windows 10 Mobile паметни телефони. Сепак, новите подобрувања би можеле да работат и со Android и iOS, односно за сите апликации на Microsoft кои се достапни за тие еко системи, што е одлична вест за сите корисници кои имаат Windows 10 компјутер.

Новите Continuum можности за Windows 10 ќе бидат претставени на BUILD конференцијата денес, а наскоро треба да бидат вклучени во надградба за оперативниот систем.

Извор: TechnoBuffalo, Windows Central

Претходна статијаXiaomi претстави паметен готвач на ориз
Следна статијаДенеска на Build ќе биде најавена можност Ubuntu да работи на Windows 10 ?