Windows 10 наскоро ќе ја доживее новата голема надградба, наречена Fall Creators Update, која ќе донесе низа подобрувања и која корисниците би требало да ја добијат на крајот од овој месец или на почетокот од ноември.

Надградбата ќе има неколку важни новитети, како на пример лесно враќање „назад во времето“, односно можност да се вратите на претходна состојба на оперативниот систем, нешто што OS X го нуди одамна и што е навистина добредојдено.

Исто така, Fall Creators Update ќе донесе можност да продолжите некој документ кој сте го почнале на вашиот смартфон, било дали се работи за Android или iOS, додека пак OneDrive датотеките веќе нема да земаат место на вашиот диск, освен ако не ги лансирате. Поточно, Windows 10 само ќе ги кешира оние кои почесто ги користите. Не помалку важно, Fall Creators Update донесува подобрувања за виртуелна и изменета реалност, како и Movie Maker со Story Remix.

За сите оние кои сакаат да ги испробаат овие подобрувања, Fall Creators Update е веќе достапен во финалната RTM (Release to Manufacturing) изведба за Insider корисниците. Поточно, оваа верзија треба да биде иста по можностите од официјалната која ќе излезе за сите корисници, со таа разлика што дотогаш најверојатно ќе се испеглаат уште неколку багови и недостатоци.

Надградбата нормално сѐ уште не е достапна за пошироката публика, односно ќе можат да ја пробаат само оние со Insider Windows 10. Ова не значи дека сите треба да станете веднаш Insider корисници – моја препорака е да ја почекате најстабилната официјална верзија на оваа надградба.

Извор: WCCFTech, Windows Central, Windows Blog

Претходна статијаInstagram воведува анкети во Stories
Следна статијаПочувствувај ја брзината со оптичкиот интернет на Неотел и искористи попуст од 50 отсто