Изминативе неколку години, поточно од лансирањето на Windows 10, имаше многу негативни коментари за тоа како Microsoft се справуваше со надградбите на оперативниот систем. Имено, Windows 10 ги симнува датотеките потребни за инсталација на надградбите без корисникот да знае, што троши од интернет сообраќајот, дури и до 6 GB зависно од надградбата. Замислете да ги симнете сите овие датотеки додека споделувате интернет од својот смартфон и ограничениот 4G.

Причината зошто Microsoft ќе почне да ги прашува корисниците дали може да се симнат датотеките е пресуда во Германија, каде компанијата беше тужена за ваквите практики. На пресудата беше досудено во корист на државата Германија, односно во превод на корисниците, за кои беше потегната парницата. Затоа, наскоро очекувајте Windows 10 да ве прашува дали може да симне датотеки потребни за надградба и да ве предупреди за големината.

Исто така, пресудата ќе придонесе и за тоа Microsoft помалку да досаѓа со самите надградби. Веројатно многумина од вас веќе забележале дека Windows 10 е особено досаден кога ќе треба да се инсталира нова надградба и дури и да изберете таа воопшто да не се инсталира, оперативниот систем повторно ќе ве информира за неа веројатно дури и другиот ден.

Од друга страна, сите овие надградби се многу важни за подобрување на безбедноста на Windows 10, кој последниве неколку месеци доживеа неколку големи напади од малициозни софтвери и единствениот начин на кој Microsoft може да се бори против нив е со обновување на оперативниот систем. Ова ќе го повторам по не знам кој пат, но надградбите се круцијални за вашиот систем да функционира правилно и препорачувам да се инсталираат во најбрз можен рок.

Извор: TechRadar, DigitalTrends, TechSpot

Претходна статијаГинисов рекорд за синхронизиран роботски танц на 1.069 роботи
Следна статијаБезжичното полнење кај iPhone 8 ќе биде двојно побавно од актуелниот стаднард