Creators Update е нова голема надградба за Windows 10 која ќе донесе голем број на промени и подобрувања. Официјално, таа ќе биде достапна од 11 април, кога ќе почнат да ја добиваат корисниците на 10-ата за компјутерите, лаптопите и таблетите, но оние кои се нестрпливи, сега можат да надградат преку Media Creation Tool, алатката која се користи и за инсталација на Windows 10.

Преку Media Creation Tool, корисниците можат да симнат целосно ISO од новиот Windows 10 Version 1703, односно Creators Update. Ова значи дека со Media Creation Tool ќе може да направите надградба на својот оперативен систем, но ќе можете и да направите чиста инсталација на него, доколку ви е потребно тоа. Причината зошто да ја направите надградбата порано не е само поради нетрпеливоста, туку може да се случи вашиот компјутер да не биде награден точно на 11 април, туку многу подоцна.

Разлики меѓу двете верзии – онаа која е достапна сега и онаа која ќе биде достапна на 11 април најверојатно нема да има, а дури и да има (на пример некои дополнителни закрпи), нив ќе ги добиете веднаш откако ќе бидат достапни. Од друга страна, функционалноста и останатите промени ќе бидат исти како кај верзијата од 11 април.

Доколку уште немате прочитано што се ново носи Creators Update, ние имаме листа на сите новитети и подобрувања, меѓу кои повеќето се прилично важни.

Извор: MS Power User, BGR, ARS Technica

Претходна статијаMicrosoft во Creators Update објави кои податоци ги собира од корисниците
Следна статијаBeats EP имаат изненадувачки балансиран звук