Сигурен сум дека скоро сите од Вас кои планиравте надградба од Windows 7 и Windows 8.1 на Windows 10 веќе го направивте тоа, бидејќи и покрај тоа што после првата година Microsoft ја прекина „бесплатната“ надградба, имаше уште можности за да го направите тоа, целосно официјално.

Поточно, најчесто користената можност за надградба беше со Windows 10 Assistive Technology Update, односно надградба која беше наменета за луѓето со потешкотии во гледањето и слушањето. Ова не спречи многу други корисници да ја направат оваа надградба, бидејќи реално и немаше некој тест за тоа дека оној кој ја прави има некој проблем со видот и слухот, а и самата Windows 10 верзија која се добива со неа не е воопшто различна.

Сепак, овој тип на бесплатна надградба ќе трае само уште до 31 декември, што значи дека после тоа Windows 10 ќе мора официјално да се плати доколку сакате да надградите од постар систем. Ова е целосно очекувано, бидејќи домашните корисници скоро сигурно веќе преминаа на Windows 10 (оние кои планираа), додека компаниите и така требаше да платат за надградба на Enterprise верзиите на Windows 7 или 8.1.

Понудата за бесплатна надградба од постарите системи на Windows 10 имаше делумен успех – 10-ката има 29,3% удел на пазарот во Октомври 2017 година, но и натаму шампион е Windows 7, кој има 46,6% на корисници. Со престанувањето на бесплатната надградба многу е возможно дека овие бројки и нема да се променат толку брзо, но факт е дека Windows 10 има стабилен раст и продолжува да гризе од колачот на десктоп оперативни системи.

Извор: Engadget, PCMag, ZDNet

Претходна статијаNokia 5 сега достапен и со 3 GB рам, но во почеток само во Индија
Следна статијаQualcomm спрема Snapdragon 840, 845 и 855 чипови