Cortana-Windows-Phone-8-1

Како се ближи денот на претставувањето на Windows Phone 8.1 гледаме се повеќе информации за најавените нови функции. Пред некој ден беа прикажани слики од очекуваниот личен асистент, сличен на Siri и Google Now, наречен Cortana според познатиот лик од Halo играта.

Сега достапно е видео на кое што на кратко е прикажана Cortana, односно нејзиното стартување, почетните прилагодувања и начинот на работа. Исто така на видеото е претставена и новата функција Quiet Hours, односно тивки часови преку која што можете да изберете период од денот кога не сакате да добивате повици, пораки и нотификации генерално. Ова е функција веќе достапна на другите платформи.

Како што можете да видите од видеото, кога првпат ќе ја вклучите Cortana од вас ќе биде побарано да одговорите на неколку прашања, како и да се најавите со вашата Microsoft сметка. Cortana одговара на поставените прашања преку пристап до вашата локација, контакти, email информации, гласовни команди, SMS пораки, историја на прелистувачот, како и историјата на пребарување. Овие информации се потребни за да ги научи вашите навики со цел подобро да ви одговори на прашањата. Исто така го прашува вашето име, како и следните прашања:

  • Кои се вашите неколку делови од вечерта во кои што најмногу уживате ?
  • Кога мислите на храна, што е најважно за вас овие денови ?
  • Кои се вашите две главни работи кои ве мотивираат да излезете на некој настан или активност ?
  • Кога сакате да бидете во тек со случувањата во светот, кои категории ги проверувате прво ?

Quiet Hours може да се каже дека по своите можности е послична на iOS, отколку во Android, барем со вградените функции со оперативниот систем. Оваа функција ви овозможува да ја вклучувате или исклучувате рачно, а исто така може да наместите во кои часови автоматски да се вклучува секој ден. Можете да изберете да не добивате никакви нотификации, ниту повици и пораки, како и пропуштање на повиците од вашата група на најблиски контакти или на повиците од број кој што се има јавено 2 пати во последните 3 минути.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и да ги видите дел од функциите кои што ќе и има Cortana.

Извор: WPCentral, UnleashThePhones

Претходна статијаБродови дронови од Rolls Royce
Следна статијаFacebook Messenger достапна на Windows Phone 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.