Од овој месец официјално стана достапна 11та верзија од како што сакаат да го наречат од Apple, најнапредниот мобилен оперативен систем, iOS.

Дали би се сложиле со оваа изјава сигурно е предмет на дебата, но како и да е не може да се каже дека не се работи за одличен систем, кој со најновата верзија доби и одредени унапредувања.

Од Apple со цел да има помогнат на корисниците да ги запознаат новите можности на iOS 11, направија серија на видеа во кои се истакнати најважните. Преку истите како корисник можете да видите и како се користат тие нови можности, доколку се разбира ви е потребна таква помош.

Видеата се во продолжение, а доколку го немате надградено вашиот iOS уред, би препорачале истото веднаш да го направите, како и секогаш преку самиот уред или преку поврзување со вашиот компјутер.

Претходна статијаWindows Store во Windows 10 ќе се ребрендира во Microsoft Store
Следна статијаMichelin го претстави тркалото на инднината „Vision“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.