Покрај многу корисни функционалности кои ќе ги добие Windows 10 со Anniversary Update надградбата, за помладите веројатно најинтересна е “Game Mode”. Оваа функција ќе им овозможи на игрите да искористат максимум перформанси од процесорот, графичката и рам меморијата, што е добредојдено за оние со малку постари и послаби компјутери.

“Game Mode” функционира прилично едноставно – ги става во мирување сите останати процеси од оперативниот систем, освен најважните и на играта и овозможува да искористи максимум од процесорот и графичката, без некоја друга апликација да одземе од нивните можности. Ова сепак ќе зависи од тоа какви компоненти има компјутерот и од самата игра.

“Game Mode” ќе се активира преку “Game Bar” кој се активира со притискање на кратенката “Windows + G”. Тука корисникот ќе може да избере “Game Mode” за зададената игра, но ќе може и да направи скриншот од играта, да снима видео или пак да го пренесува директно онлајн преку новата алатка на Microsoft наречена Beam.

Со “Game Mode” сепак не очекувајте дека ќе добиете којзнае колку подобри перформанси во игрите, особено ако имате веќе слаб компјутер, но би требало да има многу помалку ситуации кога играта ќе сецне поради тоа што во позадина проработил некој процес во оперативниот систем. Во превод, на овој начин компјутерот повеќе ќе функционира како играчка конзола, кај кои никогаш не се случува да сецнат во текот на играта.

Исто така, “Game Mode” ќе функционира многу подобро со игрите симнати од Windows Store, што значи дека во моментов вистински моќните 3D игри нема да можат да искористат максимум од неговите можности. Секако, се додека дивелоперите не се одлучат да ги објавуваат игрите на пазарот за апликации.

“Game Mode” и “Game Bar” се веќе достапни за инсајдер корисниците на Windows 10, додека останатите корисници ќе треба да ја почекаат Anniversary Update надградбата, која ќе стигне во Март или Април.

Извор: The Verge, Engadget, PC World

Претходна статијаVertu Constellation е рачно изработен смартфон за богатите
Следна статијаNew York ќе ја гради најголемата фарма на ветерници во вода