WP85Hint

Windows Phone 8.1 емулаторот до кој што има дојдено развивачот на апликации за оваа платформа Arnold Vink, открива уште неколку информации за оваа верзија која што ќе биде претставена за нешто помалку од еден месец, односно на Build 2014 настанот.

timeme-02_thumb

Според информациите во Windows Phone 8.1 ќе биде направена една доста корисна промена која што до сега го ограничуваше освежувањето на плочките на секој 30 минути. Сега плочките ќе може да бидат освежувани секоја минута, што од наше искуство ќе биде доста корисно за оние апликации кои што го покажуваат процентот на батеријата, на пример.

image_thumb20

Исто така од емулаторот може да се види дека Microsoft веќе е во фаза на изработка на наредната верзија, односно Windows Phone 8.5. Информацијата доаѓа од кратко објаснување за одредена функција, па нема повеќе информации околу наредната верзија од овој оперативен систем.

Извор и слики: WMPoweruser, GSMArena