Microsoft неодамна најави нов дизајнерски јазик, кој треба целосно да го освежи Windows 10 како оперативен систем. Се работи за “Neon”, кој иако го задржува минимализмот на 10-ката, делува многу помодерно и футуристички. Најдобар пример за ова е новата надградба на People апликацијата, која има најдраматичен “Neon” дизајн од сите апликации во Windows 10 досега.

“Neon” пред сѐ донесува транспарентност (проѕирност) кај апликациите, што одлично може да се забележи кај People апликацијата. Тука целата апликација е проѕирна, со “Blur”, односно замачкан ефект на позадината. Ова многу подобро ја истакнува апликацијата од позадината, односно му дава 3D ефект на целиот оперативен систем, а и делува многу модерно и кул.

Засега оваа надградба е достапна само за Fast Ring корисниците, кои наскоро ќе добијат надградби и за неколку други апликации од Microsoft кои ќе имаат “Neon” дизајн. Ова е сепак само почетокот за новиот изглед на Windows 10 – на Build конференцијата наредната недела, Microsoft ќе зборува за иднината на нивниот оперативен систем и скоро сигурно голем дел од тоа ќе биде посветен на “Neon”. На пример, нов дизајн ќе добие и таскбарот, кој ќе има еднобојни икони.

Нормално, промени ќе има и во другите компоненти на системот, кои исто така ќе добијат транспарентност, а ќе бидат понудени и алатки на дивелоперите, со цел и тие да ги направат своите апликации “Neon” кул. Сепак, ова очекувајте да земе прилично долго време, но моја претпоставка е дека поголем дел од популарните апликации ќе бидат спремни за Redstone 3 надградбата, која ќе пристигне оваа есен.

Извор: Windows Central, OnMSFT, MS Power User

Претходна статијаMicrosoft HoloLens може да се користи како помош при операција на ‘рбетен столб
Следна статијаОбука за напредни менаџерски вештини и успешни бизнис планови