CmNf5E2WYAATmg_

После неколку developer верзии и повеќе месеци на тестирање, Android 7.0, односно Android Nougat, е официјално достапен во својата финална верзија.

Како што ни е веќе одамна познато, ова не значи дека повеќето корисници ќе почнат да ја добиваат надградбата, истата зависи од производителот на нивниот уред, како и мобилниот оператор.

Први, како и обично, надградбата ќе ја добијат уредите кои го носат брендот на Google, односно Nexus уредите. Корисниците на Nexus 6P, 5X, 6 и 9 може да ја очекуваат надградбата во неделите што следат, а истата сепак ќе зависи и од мобилниот оператор, па не ја очекувајте уште денес.

Доколку веќе ја користите оваа верзија од оперативниот систем преку тест верзиите, не треба да очекувате некои новини, односно последната тест верзија е она што го добиваат и крајните корисници од оваа недела.

Интересно, оваа година прв нов уред кој ќе работи на најновата верзија од Android нема да бидат нови модели од Nexus линијата, туку таа чест ќе ја има LG со новиот V20 телефон кој треба да го претстави на 6-ти септември.

Инаку, новата верзија од Android донесува поголем број на подобрувања од кои најмногу се истакнуваат новата можност за користење на две апликации во исто време, можност за одговарање директно од известувањата, подобар менаџмент на потрошувачката на енергија, нови емотикони и повеќе.

Извор: The Verge, PCWorld

Претходна статијаFacebook претстави нова iOS апликација наменета само за корисници до 21 година
Следна статијаСеавус Инкубатор ја најави првата бесплатна пред – акцелераторска програма за ИТ стартапи и претприемачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.