Во обид да ги заштити корисниците од малициозен софтвер, но и да донесе повеќе дивелопери и следствено на тоа апликации во Windows Store, Microsoft ќе вгради нова функција во Windows 10, која ќе му овозможи на корисникот да блокира инсталирање на Win32 програми кои не се од пазарот за апликации.

Ова може да биде многу корисно за компаниите, кои на овој начин ќе имаат многу поголема контрола на тоа што ќе инсталираат нивните вработени. Забраната за инсталација на апликации и програми надвор од Windows Store може значително да ја подобри заштитата од вируси и малициозни програми, а со тоа и заштитата на податоците на компанијата. Таа би можела да биде достапна веќе со Creators Update.

Засега, оваа функција ќе им овозможи на корисниците да ја инсталираат апликацијата, односно ќе им даде само предупредување. Сепак, самото тоа што ја има е показател дека идејата на Microsoft е во иднина сите програми и апликации да се инсталираат преку Windows Store, а не како симнати “.exe” датотеки преку интернет или пак од некој оптички диск.

Корисниците од нашата земја, кои сѐ уште најчесто користат симнати програми од интернет, повеќето од нив пиратски, засега не треба да бидат загрижени. Имено, многу големи дивелопери за Windows, како на пример Adobe, не сакаат своите најдобри програми да ги префрлат во Windows Store, поради тоа што ќе треба да поделат 30% од секоја трансакција. Од друга страна, Microsoft секако не би сакал да го забрани програмите кои ги носат корисниците кон Windows, нешто што е многу важно за целиот еко систем.

Извор: The Next Web, ARS Technica, Bleeping Computer

Претходна статијаSamsung Galaxy Book е “Surface Pro убиец” со моќни перформанси во тенко куќиште
Следна статијаSony Xperia XZ Premium е импресивен смартфон со 4K HDR дисплеј и 960 fps видео