И покрај тоа што поголемиот дел од корисниците на Windows 7 и 8.1 се префрлија на 10-ката, имаше и такви кои не го направија тоа. Овие корисници особено за пожалија на агресивната кампања на Microsoft, која автоматски го симнуваше Windows 10 во позадина и буквално им досаѓаше на корисниците да направат бесплатна надградба.

Сега надградбата на Windows 10 се плаќа, што значи дека оние што се на 7 и 8.1 нема да добиваат препораки за надградба. Сепак, досега надградбите беа такви да корисниците мора да инсталираат голема надградба, само заради некоја сигурноста закрпа. Поточно, за да инсталирате сигурносна закрпа, требаше да прифатите надградба која вклучува и други промени во оперативниот систем.

Отсега тоа нема да биде така. Поточно, корисниците ќе можат да изберат да инсталираат само сигурносни надградби, без да треба да инсталираат нова верзија на оперативниот систем. Ова е особено важно за компаниите, кои сега ќе можат многу полесно да вршат мониторинг на софтверските надградби преку “Configuration Manager” или “WSUS”.

Со овие промени, корисниците сега нема да мора да прифатат нови верзии за да бидат побезбедни. Сепак, фактот е дека големи промени во 7 и 8.1 веќе и не се прават и овој потег изгледа како малку задоцнет. Веројатно требаше да биде донесен уште во времето кога од корисниците се бараше да се префрлат на Windows 10, но подобро подоцна отколку никогаш.

Извор: Forbes, Gamenguide, Nashville Chatter Class

Претходна статијаCortana за Android и iOS доби нова надградба со поедноставен изглед
Следна статијаApple не може да ги реши проблемите со синхронизација на звукот кај Airpods?