Microsoft можеби ќе го поддржува Windows 7 уште три години со безбедносни закрпи, но тие предупредуваат дека и покрај нив, Windows 10 е многу побезбеден оперативен систем и препорачуваат на бизнис корисниците уште сега да се префрлат на поновото решение.

Ова важи за Windows 7 Enterprise, кој не можеше бесплатно да се надгради како и останатите верзии. Секако, веста дека Windows 7 веќе не е безбеден како Windows 10 треба да ги замисли и сите домашни корисници кои имаат Home или Professional верзии за што побрзо да се префрлат на Windows 10 и да ги искористат сите бенефити. Иако неофицијално, надградбата на 10-ката е се уште легално достапна и еве неколку начини како да стигнете до неа.

Microsoft неодамна објави дека само со Anniversary Update надградбата на Windows 10 и без новите закрпи, самиот оперативен систем може многу подобро да се заштити од напади дури и споредено со Windows 7 со сите закрпи. Според нив, Windows 7 не е направен за користење со поновите технологии и не може да ги задоволи безбедносните барања на компаниите.

Ова и не треба да биде изненадување. Windows 7 е веќе преку 7 години стар оперативен систем и самото тоа треба да е доволна причина неговите корисници да планираат што побрзо да се префрлат на поновата 10-ка.

Од друга страна, овие предупредувања се и бизнис одлука, која на Microsoft треба да им донесе повеќе пари. Поддршката на толку стар оперативен систем секако дека не им оди во прилог, особено што 7-ката и натаму се смета како главна пречка за целосен успех на 10-ката, особено за бизнис корисниците.

Извор: ZDNet (1) (2), Techno Buffalo

Претходна статијаGalaxy S8 ќе може да се користи и како десктоп компјутер со поврзување на поголем дисплеј
Следна статијаiPhone 5S достапен во iStyle, чини само 17.990 денари