Наскоро сите Windows 10 корисници треба да ја добијат Creators Update надградбата за Windows 10, која ќе донесе низа подобрувања. Сепак, после протечените фотографии од Project Neon, новиот дизајнерски јазик за Windows 10, многу корисници веќе прашуваат кога нивниот оперативен систем ќе изгледа така.

Ова најверојатно ќе се случи во втората половина на годината, кога Microsoft ќе ја лансира “Redstone 3” надградбата за Windows 10. Иако не е потврдено, логично е да очекуваме тогаш да го видиме новиот дизајн, бидејќи Microsoft има повеќе од 6 месеци за да го доразвие. Засега нема други информации што друго ќе биде претставено со “Redstone 3”, но претпоставувам дека тоа набрзо ќе го дознаеме во некои од Insider верзиите. Лично, очекувам со Redstone 3 оперативниот систем кој досега ексклузивно работеше на x86/x64 процесори да работи и на ARM.

Информацијата за Redstone 3 надградбата е инаку објавена на Microsoft Ignite конференција во Австралија. Точен датум не е ставен, но Redstone 3 сигурно би пристигнал за 6-9 месеци по лансирањето на Creators Update на крајот од Март или почетокот на Април. Како и да е, виолетовата боја означува кога Insider корисниците ќе ја добијат оваа надградба, што значи дека првите верзии може да ги очекуваме и летово.

Сите можности кои ќе бидат вградени во Windows 10 Redstone 3 ќе ги дознаеме на Microsoft Build конференцијата за дивелопери, која ќе се одржи во Мај годинава.

Извор: ARS Technica, Forbes, MS Power User

Претходна статијаТехнологијата конечно може да им помогне на слепите да гледаат
Следна статијаLTE 4G мрежите отсега ќе бидат побрзи од домашниот интернет