W10_Laptop_AUX_Clock-02

Get Windows 10 апликацијата им е позната на сите корисници на Windows 7 или Windows 8.1. Истата стана клучна алатка во остварување на целта на Microsoft, Windows 10 да работи на 1 милијарда уреди во првите 2-3 години од претставувањето.

Во главно критикувана од повеќето, Get Windows 10 апликацијата ја симнува надградбата на оперативниот систем и активно ги потсетува корисниците да ја инсталираат. Тоа го прави на начин доволно нападен да доста ја споредуваат апликацијата со малициозен софтвер кој не сакајќи е инсталиран на компјутерот.

Microsoft потврди за порталот WinBeta дека крајот на оваа апликација сепак е блиску. Со потврдување дека периодот до кога корисниците ќе може бесплатно да го надградат својот компјутер на Windows 10 завршува на 29 јули, тие истакнаа дека ќе престане и работата на Get Windows 10 апликацијата.

Истата ќе биде деактивирана и отстранета од компјутерот, но од компанијата истакнуваат дека за истото ќе биде потребно одредено време, како што бил случајот со пуштањето на истата.

Се остава мал простор за можноста Microsoft да се реши да ја продолжи понудата за бесплатна надградба на Windows 10 и по 29 јули, меѓутоа според најновите изјави, тоа не би требало да се случи, освен ако не се премислат во последен момент.

Најновите информации говорат за тоа дека стратегијата на Microsoft досега функционира одлично, па Windows 10 работи на повеќе од 300 милиони уреди, на помалку од 2 месеци до годишнината од претставувањето.

Извор: PCWorld, WinBeta, The Verge

Претходна статијаGoogle Chrome конечно го презема првото место меѓу интернет прелистувачите
Следна статијаДенеска Меркур поминува помеѓу Земјата и Сонцето – настан што ретко може да се набљудува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.