Секој месец, во таканаречениот “patch Tuesday” односно „вторник за закрпи“, Microsoft пушта закрпи за Windows (7, 8 и 8.1, како и Server 2008 R2, Server 2012 и Server 2012 R2), кои се пред сѐ насочени кон подобрување на безбедноста на оперативниот систем, но и кон анулирање на баговите настанати со некоја од претходните надградби. Сепак, без никакво објаснување, Microsoft ги одложи февруарските закрпи за цел месец, што значи дека тие ќе пристигнат дури на 14 Март.

Иако Microsoft не даде директно објаснување за одложувањето (кажа само дека е проблем кој се појавил во последната минута), има информации кои велат дека компанијата има проблем со системот за закрпи. Сепак, одложувањето за цел месец и натаму е нејасно, иако со новата закрпа која ќе пристигне на 14 Март, Microsoft веројатно ќе сака да ја задржи средината на месецот како период кога ги лансира закрпите.

Јас не би бил претерано загрижен за тоа дека е одложена оваа сигурносна надградба. Во изјавата Microsoft даде гаранција дека корисниците се на прво место и дека проблемот би можел да има негативен импакт на некои корисници.

Сепак, неодамна беше откриена „бубачка“ во протоколот на Microsoft за споделување датотеки, која доведува до „крашнување“. Сепак, оваа бубачка е обично блокирана од “Firewall” и затоа опасноста за финалниот корисник не е многу голема, односно мала е веројатноста тој да биде нападнат заради овој проблем. Како и да е, за нејзино отклонување сега ќе треба да почекаме до Март.

Извор: ZDNet, ARS Technica, Digital Trends

Претходна статијаМикро турбина на ветер – одличен додаток за планинарите
Следна статијаAndroid и iOS држат 99,6% од пазарот на паметни телефони