windows_10_wallpaper

Колку на Microsoft им е важно што повеќе корисници да ја искористат понудата за бесплатна надградба на Windows 10 можевме да видиме повеќе пати. Тие активно ги потсетуваат корисниците на Windows 7 и 8, а често можевме да прочитаме и за автоматско симнување на надградбата без конкретна и јасна дозвола од страна на корисникот.

Сепак, една од најлошите тактики, а може и подобро име е трикови, кои ги има употребено Microsoft е продолжувањето со симнување на надградбата и закажувањето на нејзиното инсталирање по притискање на X копчето од страна на корисникот.

Ова ние лично не можеме да го потврдиме дека се има случувано, меѓутоа од информациите од другите портали, сепак веруваме дека ова бил случајот кај одредени корисници.

Јасна е потребата на Microsoft што повеќе корисници да бидат на најновата верзија од нивниот оперативен систем, меѓутоа сепак треба да постои граница која не треба да се помине. Ова секако е во корист и на компанијата која со ваквите тактики само го руши својот углед.

Според информации до коишто имаат дојдено од BBC, Microsoft сепак после критиките имаат направено промена на начинот на којшто се инсталира надградбата, па на корисниците им нудат дополнителни известување и можност да ја откажат надградбата.

Инаку за потсетување, корисниците на Windows 7 и Windows 8 имаат до крајот на јули да ја искористат понудата за бесплатна надградба на Windows 10. По оваа дата корисниците ќе може да купат нов уред со оперативниот систем или да си платат за лиценца којашто не е воопшто евтина.

Извор: BBC, TechRadar

Претходна статијаARM ја претстави новата Artemis архитектура на мобилни чипови, која донесува значителни подобрувања
Следна статијаAsus претстави три нови ZenFone 3 телефони од средната и високата класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.