Фото: The Verge

Мала, но можеби една од најинтересните новини која ќе биде достапна со Fall Creators Update на Windows 10 е можноста за копирање на содржина од повеќе уреди.

Се работи за таканаречениот cloud powered clipboard, којшто ќе овозможи командата copy дадена на било кој уред, десктоп, лаптоп или мобилен телефон, да се изврши на било кој друг уред, односно paste командата да се направи на друг уред.

Кратко кажано, ќе можеме да правиме copy/paste не само на едниот уред на којшто работиме, туку преку облакот таа информација ќе може да се пренесе на било кој друг уред.

Како точно ќе биде изведена оваа функција не е целосно познато, освен тоа дека ќе биде интегрирана на мобилните преку SwiftKey, тастатура достапна на Android и iOS, од пред некое време во сопственост на Microsoft.

Иако ова не е нешто што секојдневно би се користело, дефинитивно е една од најкорисните мали ситници кои значително би го подобрило корисничкото искуство на корисниците. Сите сме имале ситуација кога телефонски број, на пример, што сме го нашле на десктоп при сурфање, сакаме да го ископираме на нашиот мобилен за да се јавиме. Со оваа нова функција, сега ова ќе биде многу едноставно.

Оваа функција се планира да биде и нешто посложена, односно да не се користи само за обично копирање на краток текст. Истата се планира да биде интегрирана и во Office апликациите и да се овозможи побрзо продолжување на одредена работа започната на еден уред.

Извор: The Verge, TNW

Претходна статијаRefurbished верзијата од Note 7 ќе се продава за половина цена од првиот модел?
Следна статијаMicrosoft Graph е мост меѓу вашиот смартфон и компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.