Покрај тоа што Windows 10 добива одлични оценки, а посебно во споредба со непопуларната осмица, оваа верзија од оперативниот систем доби и доста критики кога е во прашање приватноста на корисниците и уште неколку други промени.

Приватноста на корисниците, според многу, е доведена во прашање поради функцијата на Windows 10 наречена telemetry, која во основа претставува систем кој автоматски собира одредени информации од оперативниот систем. Информациите вклучуваат работи како колку време корисникот е најавен на Windows, кои апликации ги користи, како пишува и говори и слично.

Поради ова, а и уште неколку ограничувања, кинеската влада почна да го забранува Windows 10 во своите владини служби, па од Microsoft најавија дека ќе претстават посебна верзија која ќе ги содржи потребни промени за властите во Кина да немаат проблем со оперативниот систем.

Оваа верзија за првпат беше претставена оваа недела и истата го носи името Windows 10 China Government Edition.

Оваа верзија е направена на основа на Windows 10 Enterprise, верзија од системот која е наменета за компаниите и веќе нуди поголема контрола над системот, за разлика од Home и Pro верзијата.

Она што е различно кај кинеската верзија е што администраторите ќе добијат уште поголема контрола над системот за надградби, а посебно системот за испраќање телеметрија. Исто така, во оваа верзија нема да бидат достапни одредени сервиси кои не им се потребни на кинеските власти, како што е OneDrive на пример.

Одлуката да се направи посебна верзија врз основа на барањата на кинеските власти од страна на Microsoft, воопшто не изненадува и не е чудна. Се работи за огромен пазар којшто ниту една компанија од рангот на Microsoft не би сакала да го запостави и да не биде пристутна поради „лоши односи“ со властите.

Извор: Microsoft, THN

Претходна статијаApple App Store има повеќе издавачи со заработка од 1 милион долари од Google Play Store
Следна статијаСвечено доделување на наградите од првото полуфинално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.