Најпопуларната верзија на Android која не е достапна како фабричка во смартфоните на еден од производителите на паметни телефони (некои го вградуваа, но во мала серија на модели) веќе нема да продолжи да биде развивана. Сепак, нешто што лично го очекував – CyanogenMod ќе продолжи да живее во други Android верзии, како на пример LineageOS.

LineageOS е всушност составен од дел од дивелоперите кои беа задолжени за CyanogenMod, меѓу кои и основачот Стив Кондик. Сепак, LineageOS нема да биде само ребрендиран CyanogenMod, туку ќе доживее некои промени. Имено, тој повторно ќе се врати кон корените на својот претходник, односно заедницата, но според креаторите, ќе го задржи високиот квалитет, стабилност и доверливост на CyanogenMod.

Наследникот на CyanogenMod сепак нема да може да го користи името, веројатно поради тоа што него го поседува Cyanogen Inc. Секако, во иднина може да се случи тие да го преземат и името, но засега, сите оние кои сакаат да инсталираат друга верзија на Android во својот паметен телефон или таблет, најбезбедно е тоа да го направат со LineageOS.

Во меѓувреме, луѓето од Cyanogen Inc најавија дека нивниот софтвер ќе продолжи да живее, односно дека кодот ќе биде достапен на заедницата за понатамошен развој, а не дека тие ќе продолжат да го развиваат. Тие веќе го згаснаа и својот веб сајт, што е прилично брзо по најавата дека компанијата веќе нема да функционира.

Извор: Android Authority (1) (2), Engadget

Претходна статијаKoлку внимателно го гледавте Star Wars: Rogue One?
Следна статијаApple прв пат објави истражување за „Вештачка Интелигенција“