Screenshot 2014-03-13 13.35.34

До почетокот на Microsoft Build 2014 остануваат уште три недели, а со тоа и до официјалното претставување на Windows Phone 8.1, надградба за која што веќе се збори дека бројката 8.5 би била позаслужна со оглед на сите нови и подобрени функции кои што ги вклучува.

Подобрување на функциите на камера апликацијата е една од многуте промени кои што се очекуваат, сеуште неофицијално, според информациите кои редовно излегуваат на интернет од разни извори. Истата сега е прикажана на видео, како што пред некое време можевме да ги видиме на видео новиот Action Center, персоналниот асистент Cortana, како и Internet Explorer 11.

Од видеото може да се видат следните нови функции на камера апликацијата:

  • Апликацијата има ново име и истата сега е наречена Microsoft Camera
  • Додадена е можноста за избирање кои слики ќе бидат прикажување на плочката за слики, односно избор помеѓу сите слики, конкретна слика или вашите омилени слики (истите ги означувате како омилени)
  • Сликите сега можат да бидат групирани по време и локација
  • Можно е прикачување на одредени прилагодувања, како white balance, resolution, lens picker и слични, на главниот екран од кога ќе ја вклучите камерата
  • Мануелно избирање на различни сцени како, ноќна, портрет и слично
  • Нова икона за леќите
  • Можност за брза промена на видео квалитетот кога сте во делот за снимање на видеа
  • Можноста за избор на квалитетот на сликата во режим на сликање на повеќе слики одеднаш (burst mode)

Во продолжение погледнете го видеото и самите видете ги новите функции на камерата.

Извор: UnleashThePhones

Претходна статијаVLC за Windows 8 достапен за симнување
Следна статијаApple планира големо подобрување на Maps за iOS 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.