static.squarespace

Овој концепт за како би можел да изгледа iOS оперативниот систем според нас е можеби еден од најдобрите кои што се претставени од разни дизајнери. Концептот наречен iOS Block е направен од страна на дизајнерот Jay Machalani кој што смета дека е време овој оперативен систем, кој што во основа не е сменет од самото претставување, да „еволуира“ во нешто што сепак нема да излезе од рамката и стилот на Apple. Овој дизајнер смета, а ние би додале со право, дека Android веќе доминира на пазарот, а Windows Phone полека ја зголемува својата популарност. Овие два оперативни системи нудат повеќе од само икони на home екраните, односно Android ги има познатите виџети, додека Windows Phone плочките кои што се ажурираат во живо, односно Life Tiles. Двата концепти имаат свои предности, а Jay Machalani смета дека неговиот концепт прави комбинација задржувајќи го дизајнот и едноставноста на iOS.

Според неговиот концепт, иконите ќе останат како главни на home екранот, но тие ќе добијат додатни можности. Корисниците со повлекување со два прста врз некоја од иконите, како при зумирање на слика, ќе истакнат нешто слично на виџет кој што ќе даде повеќе информации од соодветната апликација. Па така, овие виџети ќе ја прикажуваат временската прогноза, пораките, календарот и слично, без потреба од отворање на главната апликација. Исто така тие ќе може да имаат контроли на нив, па со тоа да може да се контролира музиката. Покрај можноста за повлекување со прстите и добивање на саканата информација, корисниците ќе имаат можност прикажаниот виџет да остане на home екранот и по тргање на прстите. Овие виџети кои што се прилагодени за сите iOS уреди, ќе бидат со големина од 4 икони, односно ќе заземаат простор од 2 x 2 икони.

ios-block-screens

Идната недела се одржува традиционалниот настан на Apple, Worldwide Developers Conference, на кој што се очекува да биде претставен iOS 8, па ќе може да се види дали од компанијата размислуваат за некаква промена на оперативниот систем.

Извор: The Verge, Jay Machalani

Претходна статијаSamsung го надгради софтверот на Galaxy Gear, го замени Android со Tizen OS
Следна статијаНеочекувано затворање на TrueCrypt сервисот, се’ уште нема официјално објаснување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.