Apple го пушти во употреба iOS 10.3 оперативниот систем како и системите наменети за нивните останати 4 уреди, односно MacOS 10.12.4, watchOS 3.2 и tvOS 10.2. Секако, најголемо внимание привлекува софтверот наменет за мобилните уреди.

Она што привлече најголемо внимание при промоцијата на новиот iPhone 7 се новите слушалки презентирани од компанијата наречени AirPods. Новиот софтвер ќе нуди опција истите „бесценети“ слушалки да можете лесно да ги најдете, доколку не знаете каде сте ги оставиле. Новата опција ќе овомозжи преку гео-локација да дознаете каде сте ги оставиле, или доколку незнаете во кој џеб од која јакна сте ги оставиле, можете да вклучите аларм кој ќе ви помогне при барањето. Доколку AirPods повеќе не се поврзани на мобилен уред, што е клучно за да можете да ја користите опцијата, сепак новиот софтвер ќе ви покаже каде се наоѓале кога последен пат биле поврзани со некој уред.

Покрај слушалките кои ја „украдоа“ целата слава на новиот софтвер, iOS 10.3 воведува и неколку новини поврзани со Siri сервисот и прикажувањето на електронската пошта. Визуелно дополнување има кај изгледот на иконите кои стануваат динамични.

Главната промена, која всушност се држи далеку од очите на корисниците, е префрлањето на iOS уредите на нов начин на чување на меморијата, односно APFS. Новиот начин за „сторирање“ на податоците е комплетно насочен кон подобрување на корисничкото искуство и дизајниран да функционира на мобилни, секогаш вклучени уреди.

Што се однесува до watchOS, главните промени се однесуваат на Siri, кој од сега ќе „знае да комуницира“ и со апликации кои не се произведени од Apple. Исто така вклучен е и новиот Кино-режим за време на кој екранот на часовникот останува темен.

Оперативниот систем наменет за компјутерите нема преголеми разлики. Но, важна за споменување е „ноќната смена“, режим наменет за екранот, односно подобрување на квалитетот на боите во зависност од периодот од денот. На тој начин, во вечерните часови екранот ќе емитира потопли бои, што според проценките влијае на квалитетот на сон и низа други рабоит.

Најголеми промени се вклучени во софтверот за мобилни уреди, а претходно беа набројани само мал дел од нив, односно оние кои привлекоа најголемо внимание. Сепак, новото продолжение на iOS нуди низа интересни надополнувања, кои ќе им се најдат како корисни на корисници со различни потреби.

Претходна статијаПрва фотографија од смартфонот без рамка на креаторот на Android, Енди Рубин
Следна статијаSamsung ги претстави новите Galaxy S8 и S8+ – паметни телефони за кои не постојат граници