Една од најкорисните функции на Android, која се разбира не е ексклузивна, е можноста за правење на бекап, односно резервна копија од податоците на уредот којшто во моментот се користи.

Оваа копија вклучува одредени апликации, како и прилагодувањата коишто ги имаме направено на уредот и во самите апликации. При ресетирање на уредот или купување на нов, овие податоци се користат, па не е потребно повторно прилагодување на сетинзите и инсталирање на сите апликации од почеток.

Сепак, доколку сте корисник којшто користи повеќе уреди, корисно е да знаете дека Google ги чува овие копии најмногу до 2 месеци, по што ги брише од нивните сервери, поточно вашиот Google Drive.

Не постои начин по истекот на овие 2 месеци податоците да бидат вратени, што значи доколку поради некоја причина не ги користите на друг уред или користите друг оперативен систем, повторното враќање на Android ќе треба да го направите како да ви е првпат.

Сигурно се прашувате зошто на некого би му била потребна резервната копија после 2 месеци. Можно е привремено користење на iPhone на пример, по што корисникот би сакал да продолжи да го користи својот Android уред.

Исто така, можна е ситуација каде корисникот користи друг Android уред, меѓутоа се најавува со друга сметка или не прави зачувување на податоците од другиот уред.

Како и да е, препорака до корисниците кои може да се најдат во ваква ситуација, да го вклучуваат својот уред којшто моментално не го користат со цел да не истече рокот од 2 месеци.

Извор: Android Police, PhoneDog

Претходна статијаGoogle ќе ги сертифицира уредите со Play Protect стандард
Следна статијаНема пари од реклами, Pirate Bay ќе го искористува вашиот процесор за да „копа“ виртуелни монети
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.