Microsoft пред веќе година и половина, го лансираше својот веројатно најпопуларен оперативен систем досега. Голема заслуга за неговата популарност имаше и промоцијата за бесплатна надградба за сите корисници на Windows 7 и Windows 8.1, но таа важеше само една година. Сепак, за оние кои не го направија тоа во првата и веројатно досега се премислија, благодарение на големиот број новитети и подобрувања од лансирањето на Windows 10, сѐ уште можат да го направат тоа.

Не мора да активирате за да користите Windows 10
Прво, за да го пробате Windows 10 и дури и да работите на него, не мора воопшто да го активирате. Да, редовно ќе ви стигнуваат нотификации за активација (на секое вклучување на компјутерот), но ако тоа не ви пречи и неактивираната верзија на Windows 10 ќе функционира нормално, освен делот за персонализација (менување бои, позадини и сл.) и еден Watermark на десктоп позадината.

Активација со помош на “Assistive Technologies”
Microsoft ја продолжи понудата за бесплатна надградба за сите лица со потреба за помош при користењето на компјутерот, како на пример слепите лица, поточно оние кои користат Windows со “Assistive Technologies”. И покрај тоа, оваа надградба може да ја направи апсолутно секој и притоа нема да направи промени во Windows 10 со цел тој да можат да го користат полесно тие лица, како на пример да прикажува црно-бела слика или пак да диктира се што има на дисплејот. Ќе биде класичен, нормален Windows.

Microsoft сѐ уште нема најавено дека ќе ја изгаси оваа понуда, но оние кои и натаму се мислат, препорачувам да побрзаат, бидејќи и таа веројатно нема да трае засекогаш. Се што треба е да кликнете на овој линк, каде ќе симнете софтвер кој автоматски ќе ја направи надградбата. Секако, за ова ќе мора да имате Windows 7 или Windows 8.1.

Користење на стари клучеви од Windows 7 и 8.1
Купивте нов компјутер или лаптоп кој има Windows 7 или 8.1, а сакате Windows 10. Запишете го клучот од оперативниот систем кој го имате (обично е зад батеријата кај лаптопите) и кога ќе почнете со инсталација, впишете го. Windows 10 ќе се инсталира без никаков проблем и ќе остане активиран, секако инсталирајќи ја верзијата за која сте имале клуч претходно (Home или Professional). Ова лично веќе го имам направено со неколку машини без ниту еден проблем, но и тоа би можело да биде прекинато од Microsoft. Клучеви за Windows 7 и 8.1 можат лесно да се најдат и онлајн, поевтино од оние за Windows 10.

Нелегални активатори
Кај нас многу корисници ги активираат своите Windows машини со активатори симнати од торент, што е нелегално и лично не го препорачувам. Исто така, Windows 10 обично не прави проблем при надградба од нелегално активирани Windows 7 и 8.1, но редовните надградби знаат да го деактивираат вашиот систем. Сепак, доколку сте сигурни во тоа што го правите и ова е еден вид на решение за да имате „активиран“ Windows 10.

Зошто Microsoft и натаму дозволува бесплатна надградба?
Microsoft сака да има што повеќе корисници на Windows 10, но во исто време сака да заработи од лиценци за него. Затоа, тие ја прекинаа официјалната надградба, со цел поголемиот дел од корисниците да купат нова лиценца за Windows 10, но од друга страна им дозволија на „радозналите“ да го користат нивниот оперативен систем бесплатно и со тоа да имаат поголем број на корисници на нивниот еко систем.

Извор: Tech Spot, GHacks, MS Power User

Претходна статијаСертифициран смартфон со кодно име Nokia TA-1000, веројатно од ниската класа
Следна статијаСоработка на MobilEye и Here за автономна автомобилска технологија