Иако само пред некој месец беше претставена официјалната верзија на Android 7.0, новите Pixel телефони доаѓаат со поновата 7.1 верзија. Истата беше претставена со претставувањето на двата уреди, па од оваа недела на корисниците им е достапна во верзија за програмерите, односно Developer preview.
За почеток оваа верзија е достапна за сопствениците на Nexus 5X, Nexus 6P и Pixel C, а доколку на нив веќе е инсталирана постарата developer preview верзија, најновата може да се инсталира преку самиот систем.
Инаку, најновата верзија на Android донесува неколку новини во споредба со 7.0 верзија, односно:
- Можност за правење на округли икони
- App Shortcuts – можност која додава повеќе функции при подолго притискање на икона – како што е случајот со 3D Touch на iOS
- Поддршка за Daydream VR платформата
- Поддршка за GIF тастатура
Оваа верзија со тек на време ќе стане достапна за повеќето корисници, а како и обично, корисниците на уреди од другите производители ќе почекаат нешто повеќе.
Извор: Google, Android Central, TNW