Оперативниот систем на Google наменет за лаптопите е прилично успешен последниве две години, особено на американскиот пазар, но Windows 10 и натаму е првиот избор на купувачите кога размислуваат за нов лаптоп. Причината делумно лежи во тоа што оперативниот систем на Microsoft е оптимизиран за дисплеи на допир, за разлика од Chrome OS, кој досега функционираше добро само со маус/тачпад и тастатура.

Затоа, Google работи на подобрена верзија на Chrome OS, која ќе има нов кориснички интерфејс подобрен за уредите со дисплеј на допир. Ова нема само да му овозможи подобра иднина на овој систем, но ќе донесе и подобрена функционалност кај веќе актуелни Chromebook лаптопи кои веќе имаат хардверска поддршка со дисплеј на допир и дури и такви со поддршка за дигитално пенкалце. Сепак, искуството не е целосно поради тоа што оперативниот систем и не е најоптимизиран за користење со прсти на дисплејот.

Засега оние кои сакаат да ја испробаат оваа функција на Chrome OS ќе мора да инсталираат рана бета верзија, која сигурно има многу багови и која не е препорачлива за генерално користење.

Исто така, дизајнот е крајно дискутабилен, бидејќи ја намалува функционалноста на лаптопот со маус – во овој момент, во долниот дел е прикажан само мал дел од апликациите и поле за пребарување на Google, додека со лизгање на прстот нагоре се стигнува до сите апликации.

Како и да е, самото тоа што Google се одлучи да го надгради Chrome OS за уредите со дисплеј на допир, како на пример лаптоп/таблет уредите е одлична вест, иако според мене Android ќе беше подобар оперативен систем за овој тип на лаптопи.

Извор: TechRadar, Engadget, The Verge

Претходна статијаNokia лансира два нови мобилни телефони со цена од 14,5 и 21,5 долари
Следна статијаAvast ја купува Piriform – компанијата која стои зад развојот на познатиот CCleaner