Фото: Android Police

Уште на почеток да нагласам, за сите коишто се израдуваа, ова важи за уредите кои зависат од Google за своите надградби, како што се Pixel и Nexus уредите. Има уште неколку уреди кои функционираат на овој начин, меѓутоа повеќето производители сепак самите го одредуваат темпото и достапноста на надградбите, па за корисниците на тие уреди, останува старото време на чекање.

Што се однесува до уредите на Google, промената е во Google Play Services, па потребно е да се има најновата верзија која се надградува преку Play Store.

Она што го прави оваа промена е следното. Кога Google има пуштено официјално понова верзија од Android, но етапно како што е секогаш случајот, корисниците кои самите ќе проверат за надградби, веќе нема да мора да чекаат да дојдат на ред.

Тоа значи дека, доколку нивниот уред, односно регионот и слично, не се на ред, притискање на Check for updates копчето, ќе му каже на системот дека тој корисник сам проверил за надградби, со што веднаш истата ќе му биде овозможена, без разлика на нејзината достапност во светот.

Со ова, нестрпливите корисници, како мене на пример, веќе нема да мора цело време да го притискаат копчето кога ќе дознаат дека е пуштена нова верзија од Android, по што следи разочарување и чекање со денови.

Штета што ова правило не важи и за останатите производители на мобилни и оператори, кои ја контролираат надградбата на од нивна страна променетиот софтвер. Со ова Google уредите ќе добијат дополнителна популарност кај одредени корисници, па се надеваме дека тоа ќе ги мотивира останатите да преземат нешто во овој правец.

Извор: Google+ (Elliott Hughes), Android Police, PhoneDog

Претходна статијаПутин скептичен, AI технологијата „ќе не изеде“
Следна статијаPi е нов тип на безжично полнење, кој работи на поголема далечина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.