play-store-logo

Една од најважните промени во начинот на надградба на апликациите на Android платформата, која веќе подолго време функционира, е системот кој ги симнува само промените, наместо целата апликација од почеток. Тоа овозможува да фајлот кој се симнува при надградба биде помал од големината на апликацијата, со што значително се заштедува интернет сообраќајот, како и времето на симнување.

По воведувањето на ваквиот систем за надградби, Google работи на дополнително намалување на фајловите преку имплементирање на различни алгоритми.

Најновиот алгоритам којшто ќе го користат, дополнително го намалува фајлот на надградбите, па корисниците можат да очекуваат намалување од 65, па дури до 90%.

Ова можеби не е до толку важно за корисниците кои ги прават надградбите најчесто кога се на Wi-Fi мрежа, меѓутоа за тие кои ја користат својата ограничена мобилна мрежа, може да очекуваат многу повеќе останат сообраќај за други намени.

Извор: Google, Android Central, gHacks

Претходна статијаЕкспертот за дизајн на кориснички искуства на светскиот гигант Ѕар во Скопје ги обучува студентите и стартапите
Следна статијаPebble престанува со работа, дел од компанијата продаден на Fitbit
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.