Информации велат дека Google наскоро ќе ги презентира деталите поврзани со новото надоградување на популарниот Android оперативен систем, Android O. Според информациите, се работи за голем исчекор во насока на подобрување на оперативниот систем кој ќе донесе оптимизирање на векот на батериите, преку оневозможување на некои позадински процеси на апликациите, редизајн на икони и преработени известувања и ред други корисни надополнувања на постоечката платформа.

Сепак, се работи за неофицијални информации, па може да се очекува крајниот производ да биде потполно различен од она што се шпекулира. Добар пример за тоа се наводите поврзани токму со унапредувањето на известувањата, кои не беа особено прецизни. Познавачите, сепак, шпекулираат дека всушност Android O ќе добие извесни особини кои беа предвидени за проектот Andromeda, спроведуван од Google, кој очигледно веќе не е актуелен.

Главниот акцент ќе биде ставен на воведување ред во начинот на кој се прикажуваат известувањата. Новиот, паметен, оперативен систем ќе изнајде начин да одреди на кој уред да ги достави известувањата, соодветно на тоа кој уред во моментот го користи корисникот. Проценката ќе ја врши врз основа на неколку фактори, како на пример гео-локација, време и активност на уредот.

Иако е јасно дека информациите се непотврдени, познавачите можат да препознаат добар дел од новините кои се помалку или повеќе очекувани. За официјална потврда, сепак ќе мора да се почека до мај и годинешната конференција „I/O“  на Google, каде Android 0 ќе доживее и официјална промоција.

Извор: TechnoBuffalo

Претходна статијаHuawei P10 Lite е поевтина верзија на популарниот P10
Следна статијаЧиповите од Snapdragon 200 серијата стануваат Qualcomm Mobile