android-app-n

Една од главните разлики помеѓу двата најпопуларни мобилни оперативни системи е во можноста која им ја нудат на корисниците за прикажување на инсталираните апликации. Како што и сигурно знаете, на iOS секоја инсталирана апликација се прикажува на home екраните, додека на Android само тие коишто корисникот таму ќе ги постави.

За таа цел Android има посебен дел за апликации наречен App Drawer, а кај корисниците на оваа платформа тој не поминува незабележано.

Во видео коешто Google го објави преку својот Google Maps Twitter профил за новини во оваа апликација, на почетокот при приказ на главниот екран, недостасува копчето коешто води до листата со апликации.

Видеото се гледа дека е анимација, односно не е снимка од вистински телефон, па не е познато дали недостатокот на копчето е нешто намерно и најава за тоа што ќе следи.

Како и да е, корисниците веќе почнаа да претпоставуваат, па се верува дека има шанса наредната верзија од Android да дојде без App Drawer, односно сите апликации да мора да бидат поставени на home екраните.

Според некои Google може ова да го понуди како можност, па корисниците сами да може да изберат, што доколку се спрема нешто вакво, ова би било логичното очекување. Android е познат по можностите кои им ги нуди на корисниците, па не веруваме дека Google би скратил една од овие основни принципи на платформата.

Додека нема повеќе информации околу ова, остануваат само претпоставките, а корисниците очекувано веќе почнуваат да го искажуваат своето противење за оваа потенцијална промена.

Во продолжение можете да го погледнете видеото.

Извор: Ubergizmo, DroidLife

Претходна статија„Windows 10 PC-јата прават повеќе“ – Нова кампања на Microsoft
Следна статијаSamsung очекува одлична побарувачка за новите S7 модели – Ќе произведе 17 милиони уреди за три месеци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.