n-os-beta-program_main_1

Преку не толку старата Galaxy Beta Program, Samsung започна со тестирање на најновата верзија од Android оперативниот систем, односно 7.0 Nougat за своите моментално најдобри модели, Galaxy S7 и S7 Edge.

Корисниците на овие уреди преку бесплатно регистрирање во бета програмата, ќе можат да го надградат својот систем на најновата верзија и со тоа од една страна порано да почнат да го користат најновото, а од друга страна да им помогнат на Samsung во откривањето на можните багови и други проблеми.

За жал, оваа програма не е достапна во поголемиот дел од светот, како и во нашата земја. Па така, во програмата може да се приклучат корисниците од САД, Британија и Јужна Кореа, а дури и за нив е ограничено само кај одредени оператори, како и само за корисниците кои имаат отклучен уред.

Бета програмата треба да трае до крајот на годината, по што се очекува надградбата да почне да станува достапна за сите корисниците на овие телефони.

Покрај подобрувањата кои доаѓаат со новата Android верзија, Samsung има додадено и одредени свои додатоци. Дел од овие новини ексклузивно беа достапни на откажаниот Note 7, па беше најавено дека Samsung ќе ги префрли кај овие модели, како еден вид надоместување за проблемите кои се јавија.

Инаку, корисничкиот интерфејс на Samsung ставен над Android 7.0 Nougat изгледа во главно исто како што е на моменталната 6.0 верзија. Некои од новините кои ќе бидат дел од новата верзија ги вклучува следните:

  • Always On Display сега ќе прикажува икони од известувањата и од другите апликации, односно не само од вградените. На иконите ќе може да се притисне два пати и да се отвори апликацијата
  • Промени во изгледот на Settings
  • Нови функции при подолго притискање на иконите
  • Промени во изгледот на центарот за известувања, иако функционалноста во главно е иста
  • Дополнителни функции за светлината на екранот, штедење на батеријата и слично

Извор: Samsung

Претходна статијаMacedonia 2025 Summit: Како Македонија да го намали преголемото загадување?
Следна статијаСиликонската долина доаѓа во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.