bbm-beta-wp-screens

BBM или BlackBerry Messenger е позната апликација за комуницирање кај корисниците на уредите од оваа компанија. Порано достапна само за корисниците на BlackBerry телефони, од минатата година BBM апликацијата стана достапна и за корисниците на Android и iOS, што се зголеми можноста за комуникација на се помалиот број на корисници на BlackBerry телефоните. После одреден период на најава, BBM Beta стана достапен за ограничен број на корисници преку покана.

Од денеска BBM бета е достапен за сите корисници на Windows Phone кои што би сакале да пробаат уште една апликација за пораки. Првата верзија од BBM за Windows Phone доаѓа со доста функции, но сепак како што често е случајот и со други апликации, сите функции достапни на другите платформи постепено ќе бидат воведувани. Како и да е, со BBM Beta ќе можете да:

  • Разговарате со вашите пријатели на Windows Phone, Android, iPhone и BlackBerry
  • Информација кога вашата порака е пристигната (D) и кога вашата порака е прочитана (R)
  • Брзо споделување на слики, звучни белешки, BBM контакти, како и вашата локација
  • Можност да видите кога вашите контакти одговараат на вашата порака
  • Emoticon икони специјално дизајнирани за Windows Phone
  • Можност за закачување на групите и разговорите на home екранот

Кога првпат ќе ја вклучите апликацијата од вас ќе биде побарано да го внесете вашето име, email адреса и да изберете лозинка, а доколку веќе имате BBM сметка можете со неа да се најавите. Апликацијата работи брзо и стабилно, меѓутоа не е од најбрзите апликации достапни на платформата. Дизајнот е направен во стилот на другите платформи со очекувано прилагодување за Windows Phone платформата.

BBM Beta е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

bbm-wp-qr

Претходна статијаBitTorrent ја претстави Bleep, апликација за пораки која нуди поголемо ниво на приватност
Следна статијаFacebook ја претстави Internet.org апликацијата за бесплатен пристап до одредени интернет сервиси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.