Google нуди неверојатно едноставен начин за дигитализација на традиционалните фотографии, во само неколку чекори. Меѓутоа, компанијата работи на понатамошно симплифицирање на процесот, кое се очекува да се сведе на само еден единствен чекор.

Со новото надополнување на апликацијата PhotoScan ќе биде овозможено фотографирање на слики без фрустрирачкиот одблесок кој се создава поради материјалот на кој традиционалните фотографии се печатени. Како и да е опцијата ќе може да се вклучи или исклучи мануелно, доколку има потреба, а секако нема да изостанат ни досега постоечките корисни алатки за детектирање на рабовите на фотографијата, ротација, сечење, „пеглање“ и сл.

Потребно е да се приложат неколку фотографии од принтот под различен агол со цел софтверот да може да го препознае и отстрани несаканиот одблесок. За почеток, апликацијата бара да се приложи референтна фотографија, односно онака како што би требало да изгледа оригиналот. Потоа, потребно е да се направат уште 4 фотографии под различен агол или дел од принт-фотографијата. Софтверот подоцна ги споредува и организира „исчистените“ делови од фотографијата во една единствена по примерот на референтната готографија.

Извор: Google, TheNextWeb

 

Претходна статијаInstagram во моментов е попопуларен од кога и да е
Следна статијаTwitter ќе емитува видео содржини 24/7