Проблемот со користењето на мобилните уреди при возење е нешто што сосема логички настапува во време кога луѓето се се’ повеќе „зависни“ од технологијата. Овој проблем кој западните земји веќе го препознаа и против истиот се работат десетици кампањи, го препозна и една од најголемите технолошки компании на денешницата, Samsung.

Со цел да се справи со овој модерен феномен, Samsung разви апликација наречена In-Traffic Reply, своевиден инстантен одговор со претходно подесена содржина кој се испраќа доколку сте во движење.  Целта, логично, е да се одвратат корисниците на мобилните уреди од користење токму во моментите кога истото би можело да ги доведе во опасност нив и останатите учесници во сообраќајот.

За сега, Samsung не го појасни делот поврзан со функционирањето на режимот доколку сте патник во автомобилот, меѓутоа веројатно ќе постои опција истиот да биде мануелно вклучен или исклучен. Замислете само да патувате со автобус или воз и да бидете оневозможени да го користите вашиот мобилен уред, само поради тоа што сте во движење.

Што се однесува до достапноста, апликацијата е во моментов достапна само во Холандија и тоа во нејзината BETA варијанта, додека остатокот од корисниците ќе можат да ја најдат во Play Store веќе од мај.

Извор: The Verge

Претходна статијаMicrosoft препорачува да не го инсталирате мануелно Creators Update
Следна статијаИТ настан – IoT: Are you really connected?