skype web 2

Skype апликацијата којашто е достапна на голем број на „паметни“ телевизори веќе нема да биде поддржувана, односно развивана и надградувана од страна на Microsoft.

Почнувајќи од јуни оваа година, апликацијата веќе нема да поддржува креирање на нови сметки, ниту ресетирање на лозинката. Овие активности ќе мора да се направат преку веб или другите Skype апликации.

Дали апликацијата ќе остане достапна на некои од телевизорите ќе зависи од самите производители кои може да решат целосно да ја тргнат или да продолжат да ја вклучуваат, барем уште одреден период.

Причината за оваа одлука е желбата за насочување на ресурсите за развој на Skype на платформите каде што најмногу се користи, а во последните години тоа се мобилните и таблет компјутерите.

Од 2010, Skype овозможи одлично искуство за повици во дневната соба во партнерство со повеќе ТВ производители. Но низ годините, корисниците го променија начинот на којшто го користат Skype, а мнозинството од нив пристапуваат до апликацијата од мобилен уред – вклучувајќи и кога се во дневната соба. – Стои во објаснувањето за причината за тргање на поддршката.

Извор: Skype

Претходна статијаMicrosoft SQL Server ќе работи и на Linux
Следна статијаDropbox ја помина границата од 500 милиони корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.