Nokia-Lumia-636-Cortana-Bhupinder-Nayyar-Flickr

Истражувачи на Универзитетот во Мичиген успеаја да развијат бесплатна верзија на Siri. Нормално, апликацијата не е идентична на Siri или Cortana, но ја има истата функција. Тоа е всушност интелигентен дититален личен асистент со способности да споредува фотографии, да одговара на прашања и да извршува задачи зададени од корисникот. Апликацијата е наречена Sirius.

Според истражувачите кои го имаат развиено овој софтвер, Sirius може да прими гласовна наредба од мобилен телефон, да ја процесира на сервери преку интернет и да врати одговор или да ја изврши наредбата што се бара од него.

Софтверот работи на принцип на длабоко учење, со тоа што има веќе програмирано неутрални мрежи со многу податоци и наредбите што ги прима ги споредува со тоа што веќе го знае и со тоа прави одлука.

Ова значи дека помали компании или развивачи на апликации можат да го користат овој систем без да зависат од гигантите. Со тоа што истражувачите тврдат дека користењето на графички карти за  процесирање го прави процесот поефикасен и поефтин за одржување, ова изгледа далеку попристапно од откупување патенти од Apple, Google или Microsoft.

Потенцијалните употреби се бесконечни. Можеби за некоја година секој уред ќе биде контролиран со гласовни команди и ќе ви одговара назад со човечки глас, како што се случува сега со мобилните уреди.

Извори: VentureBeat, Sirius

Претходна статијаGoogle Art Project – Гледајте уметничо дело наместо празен нов прозорец
Следна статијаСепак Microsoft нема да го финансира Cyanogen OS