prod_Cortana_hero

Cortana е личниот асистент од Microsoft кој што одговара на вашите гласовни команди и извршува одредени активности или едноставно пребарува на интернет за да ви даде информации. Оваа функција која што треба да биде достапна за корисниците на Windows Phone 8.1, верзија која што се очекува да почне да излегува во текот на летото, е одговорот на оваа компанија на популарните Siri од Apple и Google Now. Корисниците на Windows Phone 8.1 Preview for Developers кој што телефонот им доаѓа со можност за поставување на US English јазикот како главен јазик, веќе се во можност да ја пробаат Cortana, додека останатите ќе треба да причекаат официјално да биде достапна, барем за уредите со UK English поддршка.

На SMX Advanced конференцијата која што се одржува во Seattle на претставниците од Microsoft им било поставено прашање за можноста Cortana да биде достапна како посебна апликација на другите платформи, односно на iOS и на Android. Достапноста на Cortana на Windows десктоп и на Xbox конзолите веќе е најавена за во иднина, но нејзиното овозможување на другите платформи сепак претставува друга приказна. Како што изјавуваат од компанијата, тие разговараат за таа можност, односно не ја исклучуваат за во иднина, посебно со новата политика на компанијата која што ја промовира новиот директор Satya Nadella. Меѓутоа Cortana прво треба да биде доволно развиена на Windows Phone платформата за да може да се почне со развивање на другите платформи. Исто така како делумен проблем за ваквата одлука го нагласуваат фактот што Crotana никогаш нема да може да го има истото ниво на пристап до оперативниот систем и неговите ресурси како на системот кој што е развиен од страна на Microsoft. Ова посебно важи за iOS кој што е затворен систем, за разлика Android на кој што можеби интеграцијата би била не многу повисока ниво.

Исто така како можна пречка за достапноста на Cortana надвор од екосистемот на Microsoft e и можноста во иднина корисниците да ја носат својата одлука за купување на одреден уред, во голема мерка и врз основа на способноста на овие виртуелни лични асистенти. Во таков случај од компанијата нагласуваат дека би размислиле дали да им овозможат на другите платформи да имаат нешто што потенцијално ќе им ја намали продажбата на нивните уреди.

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаFacebook Messenger додаде можност за инстантно споделување на кратки видео клипови
Следна статијаБиоразградлив материјал поцврст дури и од челик
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.